Slider

Вести

Volkswagen го откри ентериерот на електричниот ID.4 (Фото)

Slider

Од деталите кои засега ги открива брендот, на вратите ќе има кваки кои ќе се одвојуваат од површината само по отклучувањето на автомобилот, високата позиција на возачот ќе ја зголеми неговата прегледност, на задната клупа се добива простор како во поголем SUV, а капацитетот на багажникот ќе започнува од 543 литри

04/09/2020

Премиерата на Volkswagen ID.4 ќе биде реализирана наскоро, а германскиот бренд денеска откри фотографии со изгледот на кокпитот и ентериерот на вториот модел кој ќе биде поставен на MEB платформата.

Деновиве официјално започна продажбата на компактот ID.3, додека со ID.4 Volkswagen ќе добие електричен кросовер, кој не само што ќе биде во продажните салони до крајот на годината, туку е предвиден за продажба и производство и во Кина и САД.

Електричниот погон обезбедува многу повеќе простор во кабината на Volkswagen ID.4, a тоа од германскиот бренд го опишуваат симболично.

– Слобода однадвор, многу простор внатре, ID.4 овозможува нов пристап кон просторноста благодарение на нашата модуларна MEB платформа, – истакна Клаус Чичора, кој го подготвуваше дизајнот како прв човек на овој сектор во брендот Volkswagen, а во меѓувреме ја доби позицијата на дизајнерски шеф на целата групација.

Од деталите кои засега ги открива брендот, на вратите ќе има кваки кои ќе се одвојуваат од површината само по отклучувањето на автомобилот, високата позиција на возачот ќе ја зголеми неговата прегледност, на задната клупа се добива простор како во поголем SUV, а капацитетот на багажникот ќе започнува од 543 литри.

Volkswagen подготвни комфорни седишта за ID.4, а возачот покрај дигиталната инструмент табла, добива лебдечки централен екран и чиста централна конзола, која делува смирувачки, а истовремено ослободува повеќе простор за оставање предмети.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider