Slide 1
Slide 1

Новитети

Volkswagen го претстави ID.6, електричен SUV за кинескиот пазар

Slide 1
Slide 1

19/04/2021

Volkswagen продолжува со реализација на најавената стратегија на зголемување на електричното семејство, а саемската манифестација во Шангај е искористена за премиера на модел наменет токму за кинескиот пазар.

Се работи за големиот SUV ID.6, кој е уште еден модел поставен на MEB платформата и на електричен погон, а ќе располага со седум седишта како дел од својот концепт со кој ќе ја освојува азиската земја.

Интересно е што ID.6 уште од почетокот ќе биде понуден во две различни изведби.

Едната е поспортската ID.6 Crozz која ќе ја произведува SAIC-VW во Антинг, а другата поробустната ID.6 X варијација, која му е доделена на партнерот FAW.

Volkswagen ID.6 е долг респектабилни 4,88 метри, во однос на моќноста стигнува до 306 коњски сили, додека во зависност од батеријата, автономијата може да достигне 588 километри (кинески NEDC).

Повеќе содржини за Volkswagen:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“