Slide

Новитети

Volkswagen го претстави ID.Buzz, почетната цена на домашниот германски пазар ќе биде под 40,000 Евра

Slide

При лансирањето моделот ќе може да се нарача само со поголемата батерија со капацитет од 82kWh (77kWh нето капацитет). Батеријата обезбедува енергија за електричниот мотор со сила од 150kW, кој е интегиран на задната оска.

16/03/2022

Volkswagen ја објави продукциската верзија на ID.Buzz. Во однос на екстериерот, најпрво се забележува отворот за полнење кој е поставен на браникот од страната на возачот, а надворешните ретровизори се поставени поназад, пред рамката на страничниот прозорец.

Во задниот дел впечатливи се тенките задни светла, кои ги спојува долга хоризонтална светлосна лента. 

Споредено со моделот T6, ID.Buzz изгледа многу попривлечно.

Купувачите ќе може да изберат една од 11-те комбинации на бои. Дополнително, VW ќе понуди четири комбинации од по две бои, при што едната од нив ќе биде аплицирана на кровот и делумно на предниот дел од каросеријата.

Во овој случај, останатиот дел од возилото ќе може да биде обоен во една од четирите бои (Lime Yello, Starlight Blue, Energetic Orange или Bay Leaf Green).

Во зависност од нивото на опрема, VW.Buzz ќе има бандажи со големина од 18 до 21 инчи.

ID.Buzz е поставен на MEB платформата, а кокпитот е сличен на оној на ID.3.

Над централната конзола е поставен уште еден екран осетлив на допир. Во основните верзии тој е со големина од 10 инчи, додека 12-инчниот “Discoevr Pro” ќе биде достапен со доплата.

Под него е поставена лента со физички копчиња за клима уредот и дел од инфотејнмент системот.

Во изведбата за 5 патници, предните седишта може да се поместуваат за 245мм хоризонтално и 61.5мм вертикално. 

Доколку купувачот избере – може да добие ентериер со истата комбинација на бои од екстериерот, односно на внатрешните делови на седиштата, лајсните на вратите, и инструмент таблата. 

Задната клупа може да се помести 150мм, а при нејзино преклопување се добива рамна товарна површина.

Бидејќи VW ID.Buzz е поставен на MEB платформата, тоа значи дека батеријата е вградена под подог на кабината. При лансирањето моделот ќе може да се нарача само со поголемата батерија со капацитет од 82kWh (77kWh нето капацитет). Батеријата обезбедува енергија за електричниот мотор со сила од 150kW, кој е интегиран на задната оска. Максималната брзина е електронски ограничена на 145km/h. Максималниот вртежен момент е 310Nm. Дури кон крајот на 2023 година се очекува карго изведбата да може да се нарача со помалата батерија со капацитет од 52 kWh. Со неа може да се очекува автономија од околу 300 километри, за разлика од 500-те кои се добиваат со поголемата.

ID.Buzz има меѓуоскино растојание од 2,988мм и должина од 4,712мм. Меѓуоскиното растојание е само 2 милиметри покусо од она на T6.1.

Брзината на полнење со наизменична струја (AC) изнесува 11 kW. Капацитетот на полнење е значително поголем (максимални 170 kW) при користење на брз полнач со директна струја (DC). 

Во овој случај, 80% од батеријата може да се наполни за само половина час. 

Што се однесува до цените, на домашниот германски пазар ID.Buzz е слично ценовно позициониран како и ID.4. Со големата батерија се очекува да чини околу 55,000 евра. Карго изведбата, пак, ќе чини под 40,000 евра. За цените во Македонија ќе мора да почекаме.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск