Новитети
Volkswagen го претстави ID.2all, концепт за електрично возило кое ќе чини помалку 25.000 евра
Овој модел ќе биде поставен на најновата верзија на MEB платформата, и ќе биде прв модел на оваа платформа кој ќе има погон на предната оска, која ќе биде придвижувана од електричен мотор со сила од 166 kW.. (Имелда Лабе, член на бордот на директори на Volkswagen, и главниот извршен директор на брендот, Томас Шефер.)
Преку концептот ID.2all, Volkswagen презентира нов дизајнерски правец и, за првпат, можност за купување на електрично возило по конкурентни цени.
Ветувањето на автомобилскиот гигант е илустрирано преку фразата: “Просторен како Golf, достапен како Polo”. Концептот ID.2all, за првпат ни претставува како VW го замислува достапниот електричен автомобил.
Концептот е во рамките на форматот на Polo. Тој е долг 4.05м, должина која е за 20 сантиемтри покуса од онаа на ID.3.
Ентериерот на концептот е просторен, а товарниот волумен изнесува 490 литри, односно 1,330 литри со спуштени задни седишта. За споредба, Golf 8 има багажен простор од 381 литар, односно 1,237 литри со спуштени задни седишта.


Овој концепт воедно го најавува и новиот дизајнерски правец за брендот Volkswagen. Екранот осетлив на допир е со дијагонала од 12.9 инчи.
Сѐ на сѐ, функционирањето на новиот инфотејнмент систем би требало да е комплетно интуитивно, а на располагање на патниците ќе бидат функционалностите како Travel Assist, полу-автономно управување, како и IQ.Light матрикс LED светлата, голем панорамски покрив и 3D LED задни светла.
Овој модел ќе биде поставен на најновата верзија на MEB платформата, и ќе биде прв модел на оваа платформа кој ќе има погон на предната оска, која ќе биде придвижувана од електричен мотор со сила од 166 kW. Оваа сила ќе биде доволна за спринт од 0-100 km/h за помалку од 7 секунди.

Производителот најавува полнење на батеријата со капацитет од 125 kW, што пак, ќе овозможи полнење од 10 до 80% на батеријата за само 20-тина минути. Автомонијата со едно полнење ќе изнесува 450 километри.
Но, сепак, заинтересираните купувачи ќе треба да почекаат додека овој модел започне да се појавува на нашите улици. Продукцискиот модел врз основа на овој концепт ќе биде презентиран во 2025 година. Интересен е фактот што и покрај инфлацијата и недостигот на компоненти, VW е сигурен во ценовното позиционирање кое го поставува под 25,000 Евра.