Slide 1

Вести

Volkswagen Golf се врати на европскиот врв, нов рекорд на електрифицираните автомобили

Slide 1

29/06/2021

Volkswagen Golf се врати на врвот и е најпродаван модел во Европа за изминатиот месец мај, покажа анализата на „JATO Dynamics“.

Во мај биле продадени 23.106 примероци на германскиот компакт, што беше доволно за убедливо прво место на ранкингот, а е бројка поголема за 75 проценти во однос на мај 2020 година, кога посебно се чувствуваа последиците од пандемијата.

Следуваат Renault Clio (19.593) и Fiat 500 (18.342), додека Volkswagen T-Roc со четвртото место е на врвот меѓу кросоверите.

Кај плаг-ин хибридите, првото место и припаѓа на Ford Kuga (4.974), пред Peugeot 3008 и Volvo XC40, додека Tesla Model 3 води меѓу електричните автомобили со 8.762 продадени примероци во месец мај.

Вкупно, на 26 најголеми европски пазари, во мај се регистрирани 1.073.987 нови автомобили, a рекордни 16 проценти од нив биле електрифицирани (електрични+плаг-ин хибриди).

Групацијата Volkswagen имала пазарен удел од 28,14%, што е втор најголем месечен пазарен удел од 2001 година наваму, а главен предуслов за ваквиот резултат е засилената понуда на електрични, електрифицирани и SUV возила.

Топ 10 најпродавани модели во Европа
(мај 2021)

1.Volkswagen Golf 23.106
2. Renault Clio (19.593)
3. Fiat 500 (18.342)
4. Volkswagen T-Roc (18.160)
5. Toyota Yaris (17.373)
6. Peugeot 2008 (16.369)
7. Peugeot 208 (15.891)
8. Opel Corsa (15.715)
9. Dacia Sandero (15.040)
10. Skoda Octavia (14.767)

Продажба според групации во Европа
(мај 2021)

1. Volkswagen Group 28,14%
2. Stellantis 20,9%
3. Renault-Nissan 10,6%
4. Hyundai-Kia 8,0%
5. BMW Group 7,2%

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla