Slide

Стории

Volkswagen Group е групација која оствари највисока добивка во 2021, пред Stellantis и Mercedes-Benz

Slide

Херберт Дис, извршниот директор на Volkswagen Group, за време на годишната конференција на 15-ти март 2022.

23/03/2022

И покрај големите предизвици кои ја одбележаа минатата година, најголемите автомобилски производители остварија рекордна добивка и продажни маржи.

По објавувањето на финансиските извештаи на почетокот на март, очигледно е дека автомобилските групации успешно ја завршија минатата 2021 година, и покрај три големи закани за автоиндустријата, во однос на пандемијата со Ковид-19, недостигот на полупроводници, како и покачените цени на суровините и репро-материјалите.

Според податоците, вкупната оперативна добивка (пред оданочување) на најголемите европски, американски и јужнокорејски автомобилски производители во 2021 година изнесувала вкупно 104.3 милијарди евра, што претставува повеќе од два пати поголем износ споредено со претходната 2020 година (46.5 милијарди евра).

Нето добивката, пак, за минатата година изнесува 90.2 милијарди евра, споредено со “само” 21.7 милијарди евра во 2020 година (раст од 315%).

Ќе мора да почекаме за податоците од јапонските производители, каде фискалната година завршува на 31 март, но според податоците од првите три квартали од 2021 година, и тие се на пат да прикажат рекордна добивка. 

Автомобилските производители успеаја да профитираат од повеќе аспекти – клучниот меѓу нив беше – позицијата да диктираат повисоки цени за производите поради недостатокот на чипови.

По региони, европските производители остварија раст на добивката за 130% (69.5 милијарди евра). Нето добивката порасна за 285%, на 54 милијарди евра. 

Што се однесува до одделните групации, Volkswagen е најпрофитабилна европска групација, со 19.3 милијарди евра оперативен профит, а веднаш зад неа следат Stellantis (18 милијарди евра) и Mercedes-Benz (16 милијарди евра, не вклучувајќи ја добивката од издвојувањето на Daimler Trucks, кој беше одвоен во 2021 година).

Во однос на американските групации, добивката на GM порасна за 47% (14.3 милијарди), додека добивката на Ford Motor забележа раст од 260% (10 милијарди). 

Голем раст на добивката забележа и Tesla (6.5 милијарди долари, споредено со 2 милијарди една година претходно).

Забележителен е и растот на оперативната маржа изразена како процент од приходот. Во Европа просечната оперативна маржа изнесуваше безмалку 10%, (споредено со 4.8% во 2020 година). Оперативната маржа на Hyundai Group порасна од 3.4% во 2020, на 6.3 % во 2021 година.

Главен двигател на зголемената добивка е растот на приходите. Во Европа, приходите пораснаа за 12%, во САД – 13%, а во Јужна Кореја – 15%.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск