Slide

Вести

Volkswagen Group планира значаен поврат на инвестицијата во електрични возила веќе од 2026 година

Slide

2026 година се смета за еден вид пресвртница, бидејќи по таа година групацијата не планира да прави значителни инвестиции во технологија која вклучува мотори со внатрешно согорување. (фотографија од најавениот ID.7)

02/02/2023

Арно Антлиц, главниот финансиски директор на VW најавува дека инвестициите во софтвер и нова технологија за производство на електричните возила за две до три години ќе започнат да носат значајни повратни резултати за групацијата.

По 2026, автомобилскиот гигант од Волфсбург очекува значајно зголемување на профитабилноста од инвестициите во електричните автомобили.

Имено, 2026 година се смета за еден вид пресвртница, бидејќи по таа година групацијата не планира да прави значителни инвестиции во технологија која вклучува мотори со внатрешно согорување. Ова го потврди токму Арно Антлиц, во интервју за германскиот весник Sueddetsche Zeitung.

“Тогаш нема да имаме потреба да инвестираме во два различни технолошки правци, па ќе имаме и поголем финансиски бенефит од електричната мобилност”, изјави тој.

VW во следните неколку години ја очекува огромен број на лансирања на електрични модели и софтвер, за кои во следните 3 години инвестира над 50 милијарди евра.

Амбициозните планови се под притисок да се остварат и под водство на новиот менаџмент, предводен од Оливер Блум, извршниот директор на групацијата.

Традиционалните автомобилски производители се на некој начин во трка со дебитантот Tesla, од каде најавија дека годинава, по отворањето на фабриката во Берлин, планираат производсво на два милиони возила.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели