Slide

Вести

Volkswagen и Bosch добија согласност за заедничка соработка во однос на развивање на системи за автономно управување

Slide

Новата технологија од второто ниво на автнономно управување ќе биде вградена во возилата на VW кои ќе се испорачуваат на почетокот на 2023 година.

22/07/2022

Volkswagen и Bosch добија дозвола од германската агенција за заштита на конкуренцијата, со која им се дозволува заеднички развој на технологија за автономно управување.

Двете компании можат заеднички да развиваат нова технологија, но државната агенција ќе продолжи да го надгледува процесот.

Задачата на оваа агенција е да ги надгледува процесите, да обезбеди конкурентност во фазата на истражување и развој.

Одлуката е под влијание на фактот што двете германски компании не се единствени кои развиваат ваква технологија.

Што се однесува до соработката, VW и Bosch уште во јануари најавија дека ќе соработуваат во развојот на технологија за автономно управување со цел да ги достигнат ривалите Tesla и Mercedes.

Новата технологија од второто ниво на автнономно управување ќе биде вградена во возилата на VW кои ќе се испорачуваат на почетокот на 2023 година. Двата гиганти работат и на технологија која потпаѓа под третото ниво на автономно управување, која овозможува препуштање на контролата над возилото на компјутерските системи во одредени услови на возење, најчесто на автопат.

Во декември минатата година Mercedes доби дозвола од регулаторот во Германија (која важи за територијата на ЕУ земјите) за користење на третото ниво на автономно управување на автопатиштата, на брзини до 50 километри на час.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила