Slide

Стории

Volkswagen и добавувачот Continental развиваат систем за автономно полнење на паркираните електрични возила

Slide

Овој робот, чија основна функција ќе биде полнење во домашни приватни гаражи, се планира во Германија да биде во функција веќе во 2024 година.

14/04/2022

Како што автомобилската индустрија се ближи кон понапредните нивоа на автономно управување, вклучувајќи ги тука и можностите за автономно паркирање на возилата, производителите и нивните главни добавувачи развиваат решенија кои ќе овозможат автоматско полнење на електричните возила додека се паркирани.

Добавувачот на VW Group, гигантот Continental, развива комплетно автоматизиран робот за полнење на батериите.

Овој робот, чија основна функција ќе биде полнење во домашни приватни гаражи, се планира во Германија да биде во функција веќе во 2024 година. Концептот за роботот најпрво беше развиен од страна на австрискта компанија Volterio, при што го привлече вниманието на гигантот Continental

Решението е составено од две компоненти: модулот – конектор поставен под шасијата на возилото, како и автономниот модул поставен на подот од гаражата.

Штом возилото влезе во гаражата, двата модула автоматски се поврзуваат преку интелигентен систем, кој може да биде контролиран преку широкопојасна врска – комуникациска технологија базирана на радио бранови, наменета за размена на податоци на куси растојанија.

Благодарение на овој систем, возилото не мора да биде паркирано со екстремна прецизност. Роботот може да надомести девијација од 30 сантиметри.

Алекс Рупрехт, директор на Continental Engineering Services – одделот за електрификација во Continental, изјави дека неговата компанија во развојната фаза тестирала неколку разчлични технологии за полнење.

На крајот, избрано било решение преку спроводливост (conduction), поради малата тежина. Спротивно, индуктивно полнење би тежело дополнителни 25 килограми, споредено со само 2 килограми тешкиот модул на Continental. Исто така, системот на Continental го елемиинира растојанието помеѓу двата модула, кое ја намалува ефикасноста на полнењето при индукциски и безжични полнења.

“И други компаниии развиваат слични решенија со различни пристапи. Сме виделе решенија кои се поврзуваат од страната на автомобилот”, изјави Рупрехт. “Ги анализиравме сите овие идеи и решенија, и од наша перспектива, ова решение е најпрактично”.

Рупрехт не спомнува конкретни автомобилски производители, но наведува дека постои писмо на намери од најмалку една голема групација, и додава дека штом решението стигне до одреден пазарен сегмент, Continental ќе започне преговори и со компании од секторот енергетика, како и оние кои произведуваат опрема за полнење на електричните автомобили.

Еден од најголемите технички предизвици при развојот било дизајнирање на двата модули-конектори, и оној на возилото и тој на подот, на начин што ќе ги заштити од нечистотија.

“Што се однесува до конекторот на возилото, тој се валка со самото користење на возилото. Заради тоа моравме да го заштитиме, а истото важи и за вториот конектор поставен на подот, дури и кога е поставен во затворен простор, како што се гаражите.”

Решението на Continental вклучува заштитни покривки кои авотматски се собираат пред да се поврзат двата модули.

“Нашата цел е да развиеме уште еден производ кој ќе биде наменет за јавни паркиралишта, како и производ наменет за карго возилата. Таму ќе треба да користиме поголем трансфер на електрична енергија помеѓу модулите”, додава Рупхрехт.

И Volksvagen Group Components, компанија во рамки на VW Group, работи на развој на мобилен робот за полнење на електрични возила. Претставник на групацијата потврди дека роботот е во фаза на прототип. Известување до медиумите од 2020 година најавува дека една од предусловите за сериско производство е интегирање на Car-to-X комуникацискиот стандард.

“Сеопфатна инфраструктура за полнење е и останува да биде клучен фактор за успехот на електричната мобилност”, изјави Томас Шмал, извршниот директор на Volkswagen Group Components. “Нашиот робот е само еден од многуте пристапи, но без дилема, тој е еден од највизионерските системи кои ги развиваме”, додава тој.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба