Slider

Вести

Volkswagen ID.4 го доби признанието „Светски автомобил за 2021 година“

Slider

20/04/2021

Електричниот Volkswagen ID.4 е прогласен за Светски автомобил за 2021 година, признание кое го доделува меѓународно новинарско жири составено од 94 новинари од многу земји во светот.

Во финалето, односно меѓу најдобрите три влегоа и Honda e и Toyota Yaris, но електричниот SUV освоил најмногу гласови од учесниците во изборот.

Последни три освојувачи на признанието беа Kia Telluride, Jaguar I-Pace и Volvo XC60.

Наградата за најдобар дизајн ја освои Land Rover Defender, пред Honda e и Mazda MX-50, за урбан автомобил на годината е прогласенa електричната Honda e (во конкуренција на Honda Jazz и Toyota Yaris), додека најдобар спортски автомобил е Porsche 911 Turbo (во конкуренција на Audi RS Q8 и Toyota GR Yaris).

И оваа година е прогласен и најдобар луксузен автомобил, а за 2021 година наградата му припадна на Mercedes S-Class, откако германската лимузина освоила повеќе гласови од Land Rover Defender и Polestar 2.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider