Slide 1
Slide 1

Вести

Volkswagen ID.4 со одлично деби во Норвешка, Model 3 се врати на врвот

Slide 1
Slide 1

07/04/2021

Норвешкиот автомобилски пазар е познат по фактот што на него доминира продажбата на електрифицирани модели, а во март се случила целосна доминација на Tesla Model 3.

Американскиот производител има сериозни проблеми со навремената и постојана достава на нарачаните примероци на својот најдостапен модел, па се случува со месеци да го нема меѓу најпродаваните модели, а потоа да дојде до убедлива предност на месечно ниво.

Така било и во март, кога бродот со Model 3 ги израдувал новите сопственици, па во Норвешка се регистрирани 2.169 примероци на оваа Tesla, за првиот квартал брендот да го затвори со 2.566 примероци, што исто така е доволно за прво место.

Во март немало испорака ниту на Volkswagen ID.3, но затоа пристигнаа 856 примероци на ID.4, со што и овој модел експресно се најде во Топ 3 друштвото.

Месецот донел за 23,1% повеќе продадени автомобили него ланскиот март или вкупно 15.321 автомобил. Од нив, дури 8.624 биле електрични, а 4.379 плаг-ин хибриди.

Најпродавани модели во Норвешка во март 2021 година:

1. Tesla Model 3 2.169
2. Toyota RAV4 908
3. Volkswagen ID.4 856
4. Volvo XC40 791
5. Nissan Leaf 637
6. Mercedes EQC 589
7. Audi e-tron 430
8. Polestar 2 396
9. BMW X1 364
10. MG ZS 362

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови