Slide 1
Slide 1

Вести

Volkswagen ID.4 стана прв SUV кој бил најпродаван електричен модел во Европа

Slide 1
Slide 1

28/05/2021

Долго очекуваниот прв електричен SUV на Volkswagen, моделот ID.4 помина одлично кај европските купувачи во април и успеа да влезе во историјата како прв SUV кој бил најпродаван модел на електричен погон на нашиот континент.

Официјалната статистика на JATO Dynamics вели дека ID.4 во април завршил кај 7.335 нови купувачи, со што е број еден во BEV сегментот, а зад себе го има ID.3, кој исто така ја користи MEB платформата предвидена само за електрични автомобили.

Со помош на овие два модела, во април Volkswagen стигнал до пазарен удел од 34 проценти од сите продадени електрични автомобили.

Во првата петорка се три модели кои традиционално имаат солиден пласман изминатиот период, односно Renault Zoe (4.015), Peugeot e-208 (3.533) и Hyundai Kona (3.383).

На почетокот на продажбата која опфаќа поголем број европски земји, електричниот Fiat 500 стигнал до 3.240 купувачи, што е охрабрувачки резултат, а истовремено и повеќе од доволен за најдобра позиција меѓу малите автомобили.

Поради непостојаната испорака на примероци, во април Tesla Model 3 не се најде меѓу најпродаваните десет електрични модели во Европа.

Топ 10 електрични автомобили во Европа
(Април 2021)
1. Volkswagen ID.4 7.335
2. Volkswagen ID.3 5.735
3. Renault Zoe 4.015
4. Peugeot e-208 3.533
5. Hyundai Kona 3.383
6. Fiat 500 3.240
7. Kia Niro 3.150
8. Volkswagen Up 2.925
9. Smart Fortwo 2.610
10. Nissan Leaf 2.394

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“