Slide 1
Slide 1

Вести

Volkswagen ID.4 веќе има поголема продажба од Tesla Model 3 во Норвешка

Slide 1
Slide 1

04/05/2021

Пристигнувањето на Volkswagen ID.4 во Норвешка го потврди големиот потенцијал на електричниот SUV, посебно на пазарите каде купувачите веќе им посветуваат сериозно внимание на моделите со алтернативен погон.

Норвешка е вистински пример и европски показател за прифатеноста на новите електрични модели меѓу купувачите, а во месец април токму ID.4 е испорачан на неговиот прв бран сопственици во скандинавската земја, што е доволно за убедливо прво место во однос на продажбата.

Само минатиот месец, ID.4 стигнал до 1.824 купувачи во Норвешка, што подразбира 13,9% од целиот автомобилски пазар, а зад него останале Toyota RAV4 (890), која традиционално е добро позиционирана по почетокот на продажбата на плаг-ин хибрид изведбата, додека третото место му припадна на Volvo XC40 со 858 продадени единици.

Volkswagen не испорачал ID.3 во април, што е доказ дека производителите имаат одредена стратегија во однос на испораката, посебно во периодот кога е актуелна кризата со недостаток на чипови, а слична ситуација е и со Tesla, бидејќи во април биле продадени само четири примероци на Model 3.

Електричниот SUV ID.4 во првите четири месеци има поголема продажба од Tesla Model 3, додека на врвот е RAV4, кој со контантна достава на нови примероци ја зазема првата позиција со 3.359 продадени примероци во првата третина од годината.

Топ 10 продажба во Норвешка
(Април 2021)
1. Volkswagen ID.4 1.824
2. Toyota RAV4 890
3. Volvo XC40 858
4. Audi e-tron 668
5. Polestar 2 469
6. Mercedes EQC 378
7. Nissan Leaf 313
8. Toyota Corolla 303
9. Hyundai Kona 272
10. BMW i3 225

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“