Вести
Volkswagen ID.4 ја освои главната награда на овогодинешниот избор “Златно тркало”
Главната награда ја освои електричниот кросовер на Volkswagen, моделот ID.4 со освоени над 38% од гласовите. Директорот на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски за време на свечениот настан по повод доделувањето на наградите.
И годинава повторно се одржа изборот за “Златно Тркало”, преку кој се доделуваат наградите за најпосакуван автомобил во тековната година.
Оваа година, имаше пет категории, и по еден победник во секоја од нив. Главната награда ја освои електричниот кросовер на Volkswagen, моделот ID.4 со освоени над 38% од гласовите.
Што се однесува до останатите категории, Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Porsche Taycan Cross Turismo беше номиниран во својата категорија и по еден месец онлајн гласање ја освои наградата со најголем процент (43,45%) од гласовите од сите други категории.
На гала вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Аvto Plus, CarClub, CarsbyVik и RPM, наградата „Златно Тркало“ ja прими Бренд Менаџерот на Porsche – г-дин Винко Марашевиќ кој во своето обраќање до публиката истакна: „Доказите се јасни, иднината е електрична. Иднината е исто така премиум. Иднината е брза и изгледа прекрасно.“
Компактот Peugeot 308 ја освои наградата во категоријата градски автомобил, додека Kia Sportage е најдобар семеен автомобил според гласовите на публиката.
Електричниот компактен кросовер Volkswagen ID.4 ја доби и наградата за Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.
Првиот електричен SUV на Volkswagen покажува дека и меѓу македонските купувачи има навистина голем интерес за електричните возила, особено кога станува збор за SUV. „Електрификацијата зема замав, а публиката ги препознаваат квалитетите на ID.4, кој ги обединува напредните технологии и предностите на возење електрично возило, со трендовската форма на SUV.“ – изјави г-дин Александар Цветковски, Бренд Менаџер за Volkswagen во Македонија.
Претставувајќи ја компанијата Порше Македонија, Генералниот Директор г-дин Златко Муцунски ја прими главната награда „Златно Тркало“ истакнувајќи: „Комбинацијата од електричен SUV, врвни електрични перформанси и моќта на брендот Volkswagen покажуваат дека и кај нашите купувачи има вистински интерес за електрични возила кои ја докажуваат својата сестраност во вистинска форма која е многу привлечна. Се надеваме дека трендот ќе продолжи и во иднина.“