Slide 1

Новитети

Volkswagen ID.5 – купе SUV кој има опција да ги напојува со струја електричните апарати во домот

Slide 1

Стандардната изведба на ID.5 има заден погон придвижуван од еден електричен мотор, додека спортската GTX изведба има и дополнителен електричен мотор на предната оска, што овозможува погон на сите тркала.

09/11/2021

Најновиот член на електричното семејство на автомобили на Volkswagen ќе пристигне во 2022, а ќе има автономија од 520 километри и низа системи за асистенција при возењето.

Volkswagen го претстави новиот член на семејството на комплетно електрични автомобили, моделот ID.5, кросовер купе со надграден софтвер кој ги унапредува функционалностите како што се гласовните команди и системите за асистенција при возењето.

ID.5 е третиот модел на VW наменет за Европа кој е поставен на MEB платформата, по компактот ID.3 и кросоверот ID.4, кои му претходеа. Моделот ID.5 ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Цвикау, Германија, а според производителот, продажбите ќе започнат следната година.

Доколку се направи паралела со сегментите на моделите со мотори со внатрешно согорување, моделот ID.4 спаѓа во сегментот на Tiguan. ID.5, пак, е купе изведба на моделот ID.4, па затоа формата во задниот дел е заоблена, со што се подобрува аеродинамиката и се следи тековниот тренд на SUV и кросовери кои имаат купе-дизајн.

Во однос на аеродинамиката, таа е подобрена и кај стандардната (0.28 кај ID.4, 0.26 кај ID.5) и кај GTX изведбата (0.29 кај ID4, 0.27 кај ID.5).

Од VW известуваат дека ID.5 има само 12 милиметри помалку простор во висина на задната клупа, споредено со ID.4, но успева да овозможи дури 549 литри волумен во багажникот. Споредено со ID.4, чиј багажен простор изнесува 543 литри.

Стандардната изведба на ID.5 е 4.599 милиметри долга, со што е незначително подолга од ID.4, чија должина изнесува 4.584 милиметри. Заради различните браници, GTX изведбата е нешто покуса (4.582мм).

Сè до средните кровни носачи, ID.5 e безмалку идендичен со ID.4. Ширината и должината се исто така, безмалку идентични, но во висина има разлика од 3 сантиметри. 

Според соопштението на Volskwagen, меѓуоскиното растојание од 2.766мм овозможува простор во ентериерот соодветен на големите SUV модели.

Стандардната изведба на ID.5 има заден погон придвижуван од еден електричен мотор, додека спортската GTX изведба има и дополнителен електричен мотор на предната оска, што овозможува погон на сите тркала. Најсилната GTX изведба забрзува од 0-100km/h за 6.3 секунди.

Максималната брзина, исто како и кај ID.4 е ограничена на 160 km/h, додека кај GTX изведбата со 299 hp, таа е ограничена на 180 km/h, благодарение на дополнителниот мотор на предната оска, кој има сила од 109 hp и вртежен момент од 162 Nm.

За разлика од ID.4, моделот ID.5 нема да биде достапен со помалата 52 kWh батерија. Максималната автономија која ја добива од батеријата со капацитет од 77kWh, изнесува 520 километри, додека потешката, GTX изведба има автономија од 490 километри.

Уште една значителна разлика се забележува во полнењето на батеријата. Максималниот капацитет на полнење изнесува 135 наместо 125 kW, што овозможува скусување на времето на полнење. Исто така, доколку инфраструктурата дозволува, ID.5 може да ја искористи функцијата на двонасочно полнење, односно може да биде извор на електрична енергија за некои од апаратите за домаќинство.

Моделот ќе дебитира со 3.0 верзијата на ID софтверот, која според производителот ги подобрува функционалностите како што се гласовните команди. ID.5 ќе може да реализира одредено барање упатено преку гласовна команда за помалку од 7 секунди.

Софтверот, исто така, ќе активира дополнителни можности во полуавтономното управување, како што е автоматската промена на коловозна линија по вклучување на трепкачот, секако доколку спроведувањето на промената е безбедна во дадениот момент.

Опционалниот Park Assist Plus, има мемориска функција со која автоматски ќе го паркира автомобилот во веќе меморирана позиција. Имено, системот има можност да ги меморира последните неколку метри при влезот во гаражата, при што, по секое следно враќање на истата локација, автоматски ќе се паркира во идентичната претходна позиција.

3.0 верзијата на софтверот, исто така, овозможува car-to-x комуникација со други автомобили на Volkswagen кои се екипирани со истиот софтвер. 

Во моментов сопствениците на ID модели ја користат 2.3 верзијата на софтверот, но сите компатибилни ID автомобили ќе добијат надградба на 3.0 верзијата.

Како директни конкуренти на ID.5 се наметнуваат Ford Mustang Mach E, Tesla Model Y, како и комплетно електричните кросовери од Hyundai Group, Ioniq 5 и Kia EV6.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental