Slide 1

Вести

Volkswagen ја најави новата генерација на мултифункционалниот Caddy

Slide 1

Првите скици се од панел ван изведбата која има одличен прием кај професионалците и компаниите за извршување на секојдневните транспортни обврски, а големиот карго простор и варијабилноста се важни елементи кои ќе ги задржи и идниот Caddy

20/12/2019

Првите дизајнерски скици се одлична најава за како што најавува Volkswagen, поинаквата нова генерација на Caddy, кој сепак ќе ги задржи своите препознатливи квалитети како лесно комерцијално возило или семеен мултифункционален автомобил.

Дизајнот на Caddy покрај модерна, но и спортска линија која ќе биде вистинско освежување во сегментот, а германскиот производител нагласува дека моделот ќе добие и сериозен технолошки напредок и голем број безбедносни системи.

Потесната маска и поголемото лого заедно со редизајнираната оптика ќе бидат карактеристични за предниот дел, додека покрај задните вертикални LED светла, Volkswagen најави и поголем стаклен простор на задната врата кај патничката изведба и задржување на начинот на отворање на истата кај ванот.

Првите скици се од панел ван изведбата која има одличен прием кај професионалците и компаниите за извршување на секојдневните транспортни обврски, а големиот карго простор и варијабилноста се важни елементи кои ќе ги задржи и идниот Caddy.

Двете изведби на Volkswagen Caddy ќе бидат официјално претставени во февруари 2020 година, по што ќе бидат јасни и сите технички детали за овој модел.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla