Slide

Вести

Volkswagen ја најави премиерата на освежениот Polo GTI

Slide

10/05/2021

Volkswagen ја најави премиерата на освежениот Polo GTI, најмоќната изведба на германскиот супкомпакт, која денеска е навестена со првата дизајнерска скица, а ќе биде претставена на крајот на следниот месец.

Откако Германците во април ги објавија сите детали и го најавија почетокот на продажбата на фејслифтот на актуелната генерација на класичниот Polo, комплетирањето на приказната доаѓа со изведбата со ознака GTI, која секогаш е гаранција за врвни перформанси.

Дизајнерските освежувања ќе бидат комбинација на она што досега го видовме од премиерата на освежениот класичен Polo, со поагресивен преден дел, како и GTI елементите кои се реалност кај оваа изведба на поголемиот Golf, кои подразбираат препознатливи детали во црвена боја.

Сите детали ќе бидат познати по официјалното претставување на освежениот Polo GTI, но се очекува задржување на 2.0-литарскиот мотор со 207 коњски сили, со кој Polo GTI стигнува до 100 км/ч за помалку од 7 секунди.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба