Slide

Вести

Volkswagen ќe ги ребрендира и спортските изведби, новото лого дебитира на Atlas Cross Sport

Slide

07/10/2019

Откако на Саемот во Франкфурт, официјално го претстави своето ребрендирање и ново лого, Volkswagen наредниов период ќе го ребрендира и R логото наменето за спортските изведби во својата понуда.

Перформанс одделот познат како Volkswagen R е промовиран во 2002 година, а покрај четири генерации на Golf R, во неговото портфолио се и Passat R36, Touareg R50, Scirocco R, Golf R Cabriolet, Golf R Variant и неодамна промовираниот T-Roc R.

– Volkswagen R подразбира возбуда и во иднина ќе продолжиме да ги интегрираме овие емоции во брендот Volkswagen. Избираме стратешки и оперативен пристап во креирањето квалитетни продукти и уникатно корисничко искуство, – вели Јост Капито, првиот човек на Volkswagen R.

– Новото лого за R и R-Line изведбите доаѓа во склоп на процесот на модернизирање и адаптирање на брендот Volkswagen R. Нашиот тим интензивно работи на имиџот на продуктите и брендот, а продолжуваме со тој процес и наредните месеци, – дополнува Капито.

Првиот модел на германскиот производител кој ќе го добие новото R лого ќе биде SUV моделот Atlas Cross Sport R-Line, чија премиера е закажана за 11 октомври и е наменет за пазарите во Северна Америка.

Наредните 15 месеци, Volkswagen R планира да промовира пет нови модели, вклучувајќи го T-Roc R.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба