Slide

Вести

Volkswagen ќе го претстави новиот Golf GTI на Саемот во Женева

Slide

Идниот Golf GTI нема да користи технологија на благ хибрид и под поклопецот ќе располага со 2.0-литарски бензински мотор, чија моќност ќе биде 242 или 287 коњски сили, а во игра ќе бидат и 6-степена мануелна трансмисија и 7-степена трансмисија со двојна спојка

17/01/2020

Новата генерација на Volkswagen Golf беше претставена во ноември минатата година, а наскоро ќе пристигне и во продажната мрежа со што официјално ќе се отвори осмото поглавје во успешната историја на актуелниот европски бестселер.

Но, Германците работат на целосно комплетирање на Golf портфолиото, а следен чекор е секогаш популарниот Golf GTI, чија премиера е потврдена за претстојниот Саем во Женева чии врати ќе бидат отворени за посетителите од 5. март.

Golf истовремено ќе добие и GTD изведба, но големата фан база на GTI и дава посебно значење на оваа изведба која ќе добие две варијации според моќноста.

Идниот Golf GTI нема да користи технологија на благ хибрид и под поклопецот ќе располага со 2.0-литарски бензински мотор, чија моќност ќе биде 242 или 287 коњски сили, а во игра ќе бидат и 6-степена мануелна трансмисија и 7-степена трансмисија со двојна спојка.

Технолошкиот напредок и иновациите претставени со класичната изведба на новиот Golf ќе бидат имплементирани и кај Golf GTI, па купувачите ќе добијат целосна дигитализација во кок-питот, моделот ќе ги задржи препознатливите GTI елементи на екстериерот и во ентериерот, а Volkswagen ќе понуди само изведба со пет врати.

Нешто подоцна, Германците ќе го претстават и Golf R чија моќност ќе надминува 300 коњски сили и ќе располага со погон на четири тркала, а тука е плаг-ин хибрид изведбата GTE која ќе понуди електрична автономија до 60 километри.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди