Skip to content

Вести

Volkswagen ќе вградува филтер со активен јаглен во сите автомобили

Најважните придобивки од филтерот со анти-алерген слој е неутрализирање на „непријатели“ од типот на полен, бактерии и разни честички кои ги иницираат алергиите или пак имаат поинакво штетно влијание врз организмот

07/11/2019

Германскиот бренд Volkswagen најави дека во иднина сите автомобили кои ќе бидат дел од неговата понуда, ќе располагаат со вграден филтер со активен јаглен.

Медицинската статистика покажува дека луѓето кои имаат проблем со алергии постојано расте, а за потценување не се ниту проблемите со чувствителноста на загадениот воздух, па Volkswagen реши позитивно да влијаее врз здравјето на своите купувачи.

Најважните придобивки од филтерот со анти-алерген слој е неутрализирање на „непријатели“ од типот на полен, бактерии и разни честички кои ги иницираат алергиите или пак имаат поинакво штетно влијание врз организмот.

Со филтерот со активен јаглен ќе се елиминира и нитроген диоксидот кој се ослободува при работењето на моторите со внатрешно согорување и кој е дел од опасните азотни гасови поради кои постојано се наметнуваат построги еколошки норми.

Kај одреден број модели и досега беше достапен систем наречен „Air Care Climatronic“, кој прочистувајќи го воздухот во кабината, постојано го контролира неговиот квалитет, а ако детектира навлегување на големо ниво честички однадвор, може да го прекине дотокот на воздух и да активира рециркулација на тој кој е веќе прочистен во кабината.

Секој нов автомобил произведен од Volkswagen ќе го добие филтерот во сериската опрема, а кај дел од претходно произведените примероци, тој ќе може да се надградува.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend