Slide 1
Slide 1

Новитети

Volkswagen најави 250 примероци на специјалната R-Line Edition изведба на Arteon

Slide 1
Slide 1

Популарноста на Arteon ги оправда очекувањата на одговорните во Волфзбург, а моделот ја отвори новата година со специјална R-Line Edition изведба која ќе стигне до само 250 купувачи

08/01/2020

Приклучувањето на Arteon во понудата на Volkswagen отвори нови хоризонти за фановите на луксузните автомобили, кои во овој случај ги добија сите напредни технолошки солуции на германскиот бренд, во целосно нов концепт на атрактивен спортски седан.

Популарноста на Arteon ги оправда очекувањата на одговорните во Волфзбург, а моделот ја отвори новата година со специјална R-Line Edition изведба која ќе стигне до само 250 купувачи.

Ограничените примероци на Arteon R-Line Edition гарантираат посебно внимание меѓу досегашните и потенцијалните сопственици на овој автомобил, а пречка нема да биде ниту цената која во Германија е најавена со почетни 55.970 евра.

Специјалната дво-тонска сива боја во комбинација со покрив во црна боја ќе бидат препознатливи за оваа специјална серија, а изборот на мотори ги вклучува дизелските изведби со 190 и 240 коњски сили, како и бензинците со 190 и 272 коњски сили.

Погонот на четири тркала e достапен кај двете најмоќни изведби, а адаптираниот електронски систем за стабилизација може целосно да се деактивира како кај спортските модели. Овој Аrteon ќе користи и најнапредна верзија на адаптивна суспензија која ќе го модифицира подвозјето според избраниот режим на возење.

Arteon R-Line Edition има сериска опрема во комбинација која не може да се добие кај класичната изведба, 20-инчни Rosario тркала, дигитална инструмент табла и Discover Pro инфо-забавен систем, па и ентериер со Nappa кожа и други додатоци кои ќе го подигнат нивото на ексклузивност.

Arteon-R-line-Edition1
Arteon-R-line-Edition3
Arteon-R-line-Edition2

Exit full screenEnter Full screen

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање