Вести

Volkswagen нема да се откаже од мануелните менувачи

Техничкиот шеф на Volkswagen, Матијас Рабе, во својата изјава за „Аутокар“ порачува дека нема место за паника кај поконзервативните возачи

25/03/2020

Дел од возачите и пред се фановите на спортските изведби не сакаат ни да помислат за разделба со класичниот мануелен менувач во својот автомобил, но трендовите и електрификацијата постојано го зголемуваат учеството на автоматските трансмисии.

Volkswagen неодамна ја промовираше новата генерација на својот култен спортист Golf GTI, a не само што тој во серија доаѓа со мануелен менувач, туку од германскиот производител најавуваат дека оваа опција уште долго ќе биде присутна во портфолиото на брендот од Волфзбург.

Техничкиот шеф на Volkswagen, Матијас Рабе, во својата изјава за „Аутокар“ порачува дека нема место за паника кај поконзервативните возачи.

– Некои луѓе сакаат да се враќаат на своите корени и да менуваат степен на пренос мануелно, па се додека има побарувачка, ние ќе ги нудиме во нашите модели, – истакнал Рабе.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider