Slider

Новитети

Volkswagen обезбеди 300 кс за Golf GTI Clubsport

Slider

Германскиот бренд стигна до дополнителни 50 кс во однос на класичниот GTI, со интервенција на дел од функциите на моторот, а вметнат е и нов турбо-полнач на Continental

14/10/2020

Volkswagen ја надгради понудата на новата генерација на спортскиот Golf GTI, со најмоќната изведба која ја доби наставката Clubsport.

GTI Clubsport ќе располага со вкупно 300 коњски сили (PS) и вртежен момент од 400 Nm, а покрај тоа што е расположен за извршување секојдневни обврски низ град, својот вистински карактер го покажува кога ќе биде искористен целиот потенцијал.

Германскиот бренд стигна до дополнителни 50 кс во однос на класичниот GTI, со интервенција на дел од функциите на моторот, а вметнат е и нов турбо-полнач на Continental.

Забрзувањето до 100 км/ч трае 6 секунди, а Volkswagen потенцира дека овој старт може да се постигне само со DSG трансмисија, па затоа нема да биде понудена мануелна кај GTI Clubsport.

Инженерите го заокружиле рецептот за GTI Clubsport со ревизија на шасијата и суспензијата, овозможувајќи подобри возни карактеристики, а во игра е и диференцијалот со електро-механичко заклучување.

Ентериерот и екстериерот носат мали разлики кои за фановите на Golf GTI ќе бидат доволни за разликување, а возачите на Golf GTI Clubsport на располагање ќе го имаат и новиот „Нирбургринг“ режим на возење, што очекувано подразбира ослободување на целосниот потенцијал за возење на патека.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider