Slide 1

Вести

Volkswagen планира 70 проценти електрични автомобили во европската продажба во 2030 година

Slide 1

05/03/2021

Брендот Volkswagen најави побрзо темпо во однос на електрификацијата и според првиот човек, Ралф Брандштатер, дури 70 проценти од продадените автомобили во 2030 година во Европа ќе биде на електричен погон.

Денес објавената стратегија наречена „Accelerate“ предвидува дека во истиот период, продажбата на електрични автомобили во САД и Кина ќе достигне 50 проценти, а германскиот производител ќе продолжи да инвестира во дигитализацијата и технологијата за автономно управување.

Стратегијата треба да биде реализирана со барем по една електрична премиера секоја година, па по ID.3 и ID.4 кои веќе се достапни во голем број земји, следува ID.6 кој ќе биде наменет за кинескиот пазар, а потоа следуваат нови модели кои најчесто ќе имаат глобален карактер.

Посебно важно е што Брандштатер најави ревизија и на моторите со внатрешно согорување, кои ќе имаат големо значење пред се во однос на плаг-ин хибридите.

– Моторите со внатрешно согорување ќе ни бидат потребни уште одреден период, а треба да бидат што поефикасни. Оваа понуда останува основа за Volkswagen, но истовремено мора да биде електрифицирана, во вид на благи хибриди или плаг-ин хибриди, – истакнал Брандштатер.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental