Slide

Вести

Volkswagen планира да продава 120,000 примероци годишно од ID. Buzz, првите испораки во Европа се најавени за септември

Slide

Европските примероци при лансирањето ќе се нудат со батерија од 77kWh и електричен мотор од 150 kW, кој ќе ја придвижува задната оска.

31/03/2022

Volkswagen неодамна и официјално го претстави електричниот ID. Buzz, а во меѓувреме ги објави и планираните продажни бројки за моделот.

“Сакаме да продадеме околу 120,000 возила годишно”, изјави Ралф Брандстетер, директорот на дивизијата за патнички возила на Volkswagen.

“ID. Buzz e ‘најемотивниот’ член на ID гамата, која е составена од електрични модели. ID. Buzz има сѐ што е потребно за да стане бестселер”, додаде Брандстетер.

Дизајнот на ID. Buzz потсетува на моделот Microbus, кој стана икона и симбол на хипи движењето од периодот на шеесеттите години на минатиот век.

Дизајнерите на VW посветија многу внимание на двобојната каросерија, ретро дизајнот, како и изборот на материјалите во ентериерот.

Првите нарачки за моделот ќе бидат овозможени во мај, додека испораките за Европа се планирани во септември. Во Европа, моделот ќе се продава во патничка и карго (ван) изведба. Во САД ќе се продава само патничката изведба со подолго меѓуоскино растојание, а првите примероци таму ќе пристигнат дури во 2024 година.

Европските примероци при лансирањето ќе се нудат со батерија од 77kWh и електричен мотор од 150 kW, кој ќе ја придвижува задната оска. Погонот е интегриран во MEB платформата, која моделот ја дели со ID. 3, ID. 4 и ID. 5.

Интересно е да се нагласи дека производителот тестира прототип изведби на моделот ID. Buzz, во кои е интегрирана технологија за 4-тото ниво на автономно управување. Тоа подразбира дека тие возила, во одредени услови може да управуваат без помош од возачот. Најавите се дека до 2025 година ваквите изведби ќе бидат подготвени за комерцијален транспорт на луѓе и производи.

ID. Buzz се произведува во фабриката на VW во Хановер. Во истата фабрика се произведуваат и моделите T6.1 Transporter и Carnevalle, Т7 Мultivan, како и California. Од технички аспект, ID. Buzz е варијанта на електричниот кросовер, моделот ID. 4.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди