Slider

Вести

Volkswagen победи во две категории во изборот за „Автомобил на годината во Германија“

Slider

13/10/2020

Изборот за автомобил на годината во Германија ги даде новите лауреати во неколку категории, како и финалистите за генералното признание, чиј победник ќе биде познат дополнително.

Вкупно 18 новинари чија специјалност се автомобилите и годинава ги тестираа кандидатите и со доделените поени го формираа резултатскиот епилог во однос на победниците.

Volkwagen освои две признанија во вкупно пет категории, односно новата генерација на Golf е избран за најдобар компактен автомобил со почетна цена помала од 25.000 евра, додека електричниот ID.3 триумфирал во премиум класата за модели чија почетна цена не надминува 50.000 евра.

Специфичната класа вклучува голем број претставници на премиум моделите и дел од подостапните компактни модели на електричен погон, а ID.3 стигнал до првото место пред автомобили како Audi A3, Mercedes GLA и BMW 4 Series.

Во преостанатите три категории, признанијата ги освоиле Polestar 2 (луксузни над 50.000 евра), BMW Alpina B3 (спортски) и Honda e (модели со алтернативен погон).

Петте победници по категории се и финалисти за најважната награда „Автомобил на годината во Германија за 2021 година“, а освојувачот ќе биде познат на 16. ноември.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider