Slide 1
Slide 1

Новитети

Volkswagen Polo добива визуелно освежување и најнова технологија

Slide 1
Slide 1

22/04/2021

Освежувањето на Volkswagen Polo повторно ќе го реактуелизира малиот хечбек на германскиот бренд, кој ужива постојана популарност во сегментот, а зад себе има над 18 милиони продадени примероци.

Историјата на Polo подразбира 45 години вредна работа на инженерите на германскиот бренд, а и фејслифтот е нивен обид да го рафинираат автомобилот, кој паралелно добива и визуелно освежување.

Предниот дел со хоризонталната LED линија која ги поврзува светлата стана препознатлив елемент за брендот, па Polo и на овој начин ќе биде поврзан со Golf, ID.3 и останатите, иако треба да се истакнат и другите квалитети поради кои Polo е Polo и од година во година, еден од најпродаваните модели во сегментот.

Технолошката надградба го дефинира напредокот, во сериската опрема Polo добива 6,5-инчен централен екран, а тој може да биде и 9,2-инчен по избор на купувачот, додека истовремено е предвидена и 8-инчна дигитална инструмент табла.

Првпат моделот добива IQ Light опција како најнапреден избор во однос на светлата, а тука е и Travel Assist технологијата, или автономно возење од второ ниво, кое претходно го добија и поголемите модели на Volkswagen.

Понудата на мотори подразбира влезна варијанта со атмосферски бензинец со 80 коњски сили, како и турбо-бензинци со 95 и 110 коњски сили, за кои е достапна и опцијата за трансмисија со двојна спојка.

Повеќе содржини за Volkswagen:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“