Slide

Новитети

Volkswagen прикажа камуфлирана верзија на ID7, електричниот седан со големина на Passat

Slide

Меѓуоскиното растојание на ID7 изнесува 2,970мм, со што е овозможен поголем простор во кабината споредено со Passat.

05/01/2023

Моделот ID7, претходно познат како ID Aero, се очекува да биде лансиран следната година, со што ќе ја дополни електричната гама на брендот.

Германскиот производител го преименува концептот ID Aero во ID7. Седанот со големина на актуелниот Passat беше делумно прикажан на овогодинешниот CES со изглед кој е многу сличен на оној кога моделот ќе започне со сериско производство.

Моделот ќе има автомомија од 700 километри, според WLTP нормата.

Според VW, ID7 ќе има 15-инчен инфотејнмент дисплеј како и дигитално контролирани отвори за вентилација во кабината.

Најавен е и интелигентниот HVAC систем, кој може да го идентификува сопственикот на возилото кој се приближува и веднаш да започне да ја лади или затоплува кабината.

Меѓуоскиното растојание на ID7 изнесува 2,970мм, со што е овозможен поголем простор во кабината споредено со Passat.

VW сѐ уште не ги објавува податоците за електричниот погон, но сите детали ќе ги дознаеме во март, за кога е предвидено комплетното претставување на моделот. Може да се очекува моделот да се нуди со единечен електромотор на задната оска и опција со два електрични мотори и погон на двете оски. За европските пазари ќе се нуди и караван изведба.

Овој модел ќе биде шестиот во низа како дел од електричната гама на VW. Како и останатите ID модели, и овој ќе биде поставен на MEB платформата на VW.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели