Slide

Стории

Volkswagen развива електричен модел со продажна цена под 20,000 евра, кој би се произведувал за 15 работни часови

Slide

Skoda е носител на споменатиот проект, во рамки на кој е планирано да се развие и произведе автомобил со цена под 20,000 евра, a кој би се произведувал во две сестрински варијанти за брендовите VW и Skoda. (Од презентацијата на ID.2all)

28/03/2023

Volkswagen и Skoda заедно работат на планот за развој на мало електрично возило како дел од пошироката стратегија во рамки на VW Group, чија цел е да произведуваат електрично возило кое ќе има продажна цена пониска од 20,000 евра.

Развојот на овој модел е еден од процесите кој е надгледуван од страна на VW Group, а чија цел е да се најде начин како да се намали трошокот за производство на мало електрично возило и пред 2026-27 година. Ова го потврди Томас Шефер, директорот на брендот Volkswagen, за време на настанот кој се одржа по повод презентацијата на ID.2all концептот.

Според VW, планот е продукциската верзија која ќе произлезе од концептот ID.2All да започне да се произведува во 2025 со почетна цена пониска од 25,000 Евра. Но, можно е производителот да лансира и подостапен модел именуван како ID.1, кој би имал пониска цена од 25,000 евра.

“Ние се чувствуваме одговорни да го направиме ова како што треба”, изјави Шефер минатата седмица. “Ова е вистинската Лига на Шампионите. Ние мораме да произведеме автомобил кој е достапен”.

Skoda е носител на споменатиот проект, во рамки на кој е планирано да се развие и произведе автомобил со цена под 20,000 евра, a кој би се произведувал во две сестрински варијанти за брендовите VW и Skoda.

За почеток, планиран пазар за овој модел е Индија, каде има голем потенцијал за евтини електрични модели. Stellantis веќе започна да произведува електрична верзија на новиот Citroën C3 во Индија, а слични планови има и Renault, во однос на производството на електричната изведба на Renault Kwid.

Сѐ уште не е одлучено која платформа ќе се користи за овој модел, но Шефер најави дека е малку веројатно тоа да биде адаптирана верзија на MEB платформата, за која е одлучено дека ќе биде основа за производство на ID.2all и уште три други модели, вклучувајќи по еден модел за Skoda и Cupra.

Засега постои опција и за соработка со надворешен партнер. “Или ќе ја решите загатката преку голем обем на производство, или ќе ја намалите батеријата, или ќе воспоставите партнерство при што обемот ќе биде уште поголем”, додаде Шефер, “Но, ние сѐ уште немаме донесено конечна одлука”, додава тој.

Според него, сѐ уште не е одлучено дали токму овој модел ќе ја има ознаката ID.1. 

Но, за еден од параметрите не постои двоумење. Тоа е типот на батеријата. Според Шефер, “Тоа мора да биде литиум железо фосфатна батерија”.

Овој најмал и најдостапен модел на VW Group ќе се произведува во Европа, барем оние количини кои ќе бидат наменети за европскиот пазар.

Според Кристијан Фолмер, директорот за производство на Volkswagen, точната локација на европската фабрика не е толку клучна за намалување на трошоците.

“Не е важно дали ќе ја произведуваме автомобилот во Германија, Источна Европа, или Јужна Европа. Она што е важно е да успееме да го оптимизираме производството со што за производство на еден автомобил се потребни помалку од 15 работни часови”, изјави Фолмер.

За да се оствари ова, VW Group размислува за воведување на високо ниво на автоматизација, што ќе ги намали трошоците за плати, а големо внимание се посветува и на набавката на материјалите кои се вклучуваат во батериите.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година