Skip to content

Вести

Volkswagen T-Cross доби засилување со мотор со 150 кс

Во комбинација со 1.5-литарскиот TSI мотор, покрај 150 коњски сили, T-Cross може да се пофали и со максимален вртежен момент од 250 Nm достапни меѓу 1.500 и 3.500 вртежи во минута

22/11/2019

Најновиот член на SUV/кросовер семејството на Volkswagen, воедно и најмалиот T-Cross, ја доби својата најмоќна изведба која подразбира 1.5-литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили.

Германскиот производител го додаде овој мотор во понудата на T-Cross, со што сега ги задоволува потребите и на купувачите кои инсистираат на посериозни перформанси на малиот кросовер.

Во комбинација со 1.5-литарскиот TSI мотор, покрај 150 коњски сили, T-Cross може да се пофали и со максимален вртежен момент од 250 Nm достапни меѓу 1.500 и 3.500 вртежи во минута.

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8,5 секунди, а максималната брзина на овој Volkswagen ќе биде 200 км/ч. T-Cross 1.5 TSI доаѓа само во комбинација со седум-степена DSG трансмисија. И покрај истакнатите перформанси и динамичност, Volkswagen го најавува овој автомобил со просечна потрошувачка од 5,2 литри.

Најмоќната изведба ги задржува препознатливите квалитети на T-Cross, кои ги вклучуваат трендовскиот дизајн, основниот капацитет на багажникот од 385 литри, големиот број безбедносни системи, како и високото ниво на конективност кое е овозможено за возачот и патниците.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend