Slide

Новитети

Volkswagen Tiguan доби плаг-ин хибрид и спортска R изведба

Slide

Како и останатите автомобили од германската групација, новиот Tiguan ќе ја добие третата генерација на платформата за инфо-забавниот систем, како и Travel Assist системот кој овозможува полу-автономно возење на брзини до 210 км/ч

01/07/2020

Volkswagen официјално го претстави освеженото издание на бестселерот Tiguan, а веројатно најважните елементи кои ќе бидат достапни отсега се плаг-ин хибрид и спортската R изведба на овој голем SUV.

Убавата вест за докажаниот SUV доаѓа на денот во кој брендот Volkswagen и официјално има нов CEO, односно Ралф Брандштетер, промена која беше најавена пред одреден период.

По повеќе од шест милиони продадени примероци во историјата на Tiguan, тој сега е претставен со фејслифтот на актуелната генерација, кој ќе овозможи модернизиран изглед, уште повеќе технологија и поголема интелигенција.

Како и останатите автомобили од германската групација, новиот Tiguan ќе ја добие третата генерација на платформата за инфо-забавниот систем, a во однос на кокпитот тоа подразбира 10-инчна дигитална инструмент табла и централен екран кој може да биде и 9,2-инчен.

Во иднина овој SUV ќе го користи и Travel Assist системот, кој овозможува полу-автономно возење на брзини до 210 км/ч.

Tiguan дефинитивно има дополнителен број квалитети во секој сегмент, а во кокпитот покрај квалитетните материјали и премиум амбиентот, возачот добива волан со команди на допир, а нешто слично е направено и со командите за климатизацијата.

Новата спортска изведба која ќе биде позната како Tiguan R ќе биде прв избор на купувачите кои сакаат и сериозни перформанси (320 кс), а плаг-ин хибридниот Tiguan eHybrid ќе располага со 245 коњски сили и електрична автономија од околу 50 километри.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба