Вести
Модели на Volkswagen Group водат според продажбата во јануари во дури 8 од 10 сегменти
Дел од победниците во рамки на брендот се Golf (компактен сегмент), Tiguan (компактен SUV сегмент), T-Roc (мал SUV) и Caddy (компактни ванови).
Според продажбата во јануари, само брендот Volkswagen забележа дури 7 први места во 10-те категории во кои спаѓаат модели од масовните брендови, а се исклучени премиум брендовите. Најзаслужни за ова се моделите Golf, Tiguan и T-Roc.
На ниво на групација, годината започна триумфално за VW Group, со оглед на фактот што во јануари има дури 8 модели во рамки на групацијата кои се најдоа на првото место според продажбата.
Дополнително, премиум брендовите во рамки на најголемата европска групација зазедоа три први места од вкупно 11 категории.
Како што спомнавме, брендот Volkswagen забележа 7 први места, според прелиминарните извештаи по обработени 93% од податоците.
Дел од победниците во рамки на брендот се Golf (компактен сегмент), Tiguan (компактен SUV сегмент), T-Roc (мал SUV) и Caddy (компактни ванови).
Во сегментот на SUV возила со средна големина лидер е Kodiaq, претставник на сестринскиот бренд Skoda.
Во сегментите на премиум брендовите VW Group, претставувана од брендовите Audi и Porsche, забележа први места во категориите компакт премиум (Audi A3) и луксузни седани (Porsche Taycan).
Во трката секако е вмешан и американскиот производител Tesla, чиј Model Y беше најдобро продаван електричен модел во првиот месец од 2023 година, додека Ford Kuga е најпродаван плаг-ин хибрид.
На листата најпродавани електрични возила, по Model Y следат Dacia Spring и VW ID4.