Вести
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Со своите 4712мм должина, ID Buzz се наоѓа помеѓу ванот Caddy (кој има должини од 4500 или 4850мм) и поголемиот ван Multivan/Carnevale/California (со должини од 4900 или 5300мм).
ID Buzz е четвртиот модел во ID гамата на Volkswagen, покрај хеџбекот ID 3, кросоверот ID4 и кросовер-купето ID5. Сите модели се поставени на MEB платформата развиена од VW Group.
Наскоро се очекуваат и неколку помали електрични модели кои исто така ќе бидат поставени на адаптирана MEB платформа.
ID Buzz има 77 kWh батерија која обезбедува енергија за 150 kW мотор. Автономијата изнесува 423 километри според WLTP стандардите. Капацитетот за полнење на овој модел е 170 kW.
Со своите 4712мм должина, ID Buzz се наоѓа помеѓу ванот Caddy (кој има должини од 4500 или 4850мм) и поголемиот ван Multivan/Carnevale/California (со должини од 4900 или 5300мм).
Но, наскоро ќе биде достапна и изведба со подолго меѓуоскино растојание, со капацитет за 7 патници, а планирани се и специјални изведби, како на пример такси возила кои ќе бидат автономно управувани.
Што се однесува до конкурентите, тука се компленто електричните ванови на Renault и оние на Stellantis. И американскиот гигант Ford воведува комплетно електрични ванови.
Малку помалиот патнички ван Peugeot e-Rifter во Франција чини од 36,000 Евра, додека фургон изведбата, именувана како e-Partner, чини од 30,600 Евра.
Цените на поголемиот патнички ван, e-Traveller, започнуваат од 56,000 Евра, додека неговата карго изведба, e-Expert, чини од 39,000 Евра.
Според податоците од Volkswagen, патничката изведба на ID. Buzz во Германија чини од 64,581 Евра, додека цените на карго изведбата започнуваат од 54,430 евра. Во овие цени не се пресметани субвенциите кои се одобруваат за купување на ново електрично возило.