Slider

Стории

Volkswagen заработува најмногу, секоја секунда му носи 12 пати поголем обрт од Tesla

Slider

Минатата 2019 година во светот беа продадени околу 92 милиони возила, а германската групација која подразбира повеќе брендови, имала финансиски обрт од 290,2 милијарди долари

25/08/2020

Групацијата Volkswagen произведува и продава најмногу возила на годишно ниво, а според анализата објавена од „Visual Capitalist“, заработува и најмногу пари за секој минута секунда.

Минатата 2019 година во светот беа продадени околу 92 милиони возила, а германската групација која подразбира повеќе брендови, имала финансиски обрт од 290,2 милијарди долари.

Авторот на анализата решил да пресмета каков е финансискиот обрт на вкупно 19 автомобилски групации за секоја секунда, при што Volkswagen e лидер откако заработува по 9202 долари за овој временски интервал.

Следуваат Toyota со 8643 и Ford 4946 долари за секоја секунда, пари кои секако не се чист профит, туку сума од која потоа се одбиваат трошоците и другите обврски на групациите.

За споредба, Tesla како компанија која во моментов има најголема вредност на берзата, стигнува до само 780 долари по секунда, или 12 пати помала сума од таа на лидерот Volkswagen AG.

Групација

Вкупна заработка
(милијарди)

Заработка

по секунда

Volkswagen 290,2 9202

Toyota

272,3 8634

Ford

156 4946

Honda

143,1 4537

GM

137,2 4351

Fiat-Chrysler

121,6 3856

BMW

116,9 3708

Daimler

104,6 3316

Nissan

92 2918

Hyundai

90,8 2879

PSA

84 2664

Renault

62,4 1979

Kia

50 1585

Geely

45,9 1457

Tata Motors

43,7 1385

Suzuki

34,8 1104

Mazda

32,1 1017

Subaru

28,5 904

Tesla

24,6 780

*Авторите на анализата ги издвоиле Hyundai и Kia како посебен бренд

Носечкиот бренд Volkswagen учествува најмногу во вкупната сума, односно со 99 милијарди долари, односно со 26.960 долари по секунда. Покрај овие брендови, во вкупниот финансиски обрт на групацијата се и приходите од комерцијалните возила, како и енергетскиот и финансискиот бизнис.

Бренд

Вкупна заработка
(милијарди $)

Заработка

по секунда ($)

Volkswagen

99,1

26960

Audi (заедно со Lamborghini и Ducati

62,4 52028

Skoda

22,2 20912

Seat

12,9 19326

Porsche

29,2 105491

Bentley

2,3 195480

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider