Slide

Вести

Volvo реши да го задржи стариот систем на именување на своите модели, кој може да го доведе до спор со Lexus

Slide

Џим Рован, за првиот лансиран модел под негово водство го избра името EX90, кое е слично со XC90.

12/10/2022

Хакан Самуелсон, претходниот извршен директор на Volvo, во 2021 најави дека амбициозно најавуваниот електричен знаменосец – наследник на XC90 – ќе има име кое ќе биде различно од долгогодишната пракса на именување на моделите со комбинација од букви и бројки.

“Овој автомобил ќе биде именуван на начин како што се именуваат новородените деца”, изјави тој за време на презентацијата на плановите за електрификација минатиот јуни.

Во октомври пак, Самуелсон најави дека името на новиот SUV ќе започнува со самогласка.

Истиот месец шведскиот премиум производител поднесе апликација за регистрација на името Embla како трговска марка. Во митологијата Embla е името на првата жена.

Но, Џим Рован, неговиот наследник кој ја презеде функцијата во март годинава, реши да не се направи промената во системот на именување на моделите. 

Тој, за првиот лансиран модел под негово водство го избра името EX90, кое е слично со XC90.

Рован преку службата за комуникации на Volvo ја коментираше својата одлука: “Различни опции постојано се разгледуваат кога е во прашање воведување на нов модел. Мора да се земат предвид многу предуслови, како што е препознатливоста на брендот”. “Ние ги разгледавме сите аспекти и во крајна линија името EX90 означува дополнување на тековната номенклатура, а воедно ја рефлектира нашата транзиција кон комплетно електрична гама до 2030 година”.

Volvo планира до 2025 година половина од глобалните годишни продажби, околу 600,000 возила, да бидат комплетно електрични модели, а до 2030 година да стане комплетно електричен производител.

Според задржаната практика на именување, електричните наследници на компактните кросовери XC60 и XC40, кои се и најпродавани модели на Volvo, ќе ги добијат имињата EX60 и EX40. 

Ќе биде интересно да се анализира правниот аспект кога ќе дојде време за електричните наследници на седаните S60 и С90, бидејќи дококлу по истата логика ги добијат имињата ES60 и ES90, тоа ќе значи софпаѓање со седаните на конкурентот Lexus.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск