Slider

Вести

Volvo Cars одбележа една деценија од влегувањето во семејството на Geely

Slider

Volvo Cars одбележа точно една деценија откако стана дел од семејството на холдингот Geely и откако го започна процесот чии резултати денеска можат да се забележат во понудата на производителот и изминативе години освоија многу признанија во сите сегменти

30/03/2020

Во периодот кога Volvo Cars немаше јасна стратегија, сигурна иднина и ресурси да им се спротивстави на ривалите, на сцена стапи кинескиот гигант Geely, кој успеа да го трансформира брендот и да го постави на денешната престижна позиција во премиум сегментот.

Volvo Cars одбележа точно една деценија откако стана дел од семејството на холдингот Geely и откако го започна процесот чии резултати денеска можат да се забележат во понудата на производителот и изминативе години освоија многу признанија во сите сегменти.

– Volvo Cars денеска е компанија посилна од кога било досега. Со Geely започнавме нов успешен пат кој не доведе на едно ново и посебно ниво. Комплетно го освеживме портфолиото, глобално го проширивме брендот, речиси двојно ја зголемивме продажбата и наместо загуба сега генерираме профит, – истакнал Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo Cars.

Компанијата има сериозни планови и во однос на електрификацијата каде веќе ги направи и првите конкретни чекори, а 2019 година беше заокружена со над 700.000 продадени примероци, што се случува првпат во историјата на брендот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider