Slide 1

Вести

Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”

Slide 1

20/10/2021

Под мотото „И покрај се“ годинава се одржа 42то издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки”. Од 16ти до 21ви септември филмската магија беше вратена во Битола. „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, кинематограферите се во центарот на вниманието и се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики.

Volvo Македонија беше партнер на годинешното издание на фестивалот Браќа Манаки”. Возилата на Volvo беа официјалното превозно средство на фестивалот. Гостите за време на својот престој имаа прилика да уживаат во софистицираноста и елеганцијата на моделите на Volvo XC60 и XC40. 

Volvo XC60, е прогласен за најбезбеден автомобил во светот во 2017 година, освен беспрекорната безбедност, одушевува со совршена комбинација на технологии, дизајн, контрола и удобност. Volvo XC40 е мал спортски теренец со големи иновации, а воедно е и првиот компактен SUV со освоена титула во изборот за Европски автомобил на годината. 

Изборот за официјален партнер не е случаен, Volvo ја развива иновацијата на автомобилите, го прави животот полесен, подобар и побезбеден со врвна технологија. Нивните смели иновации овозможуваат врвно искуство преку интуитивна технологија и одлични решенија.  

Во главна конкуренција на фестивалот беа 10 долгометражни и уште толку краткометражни филмови. Меѓу нив два македонски филмови: „Сестри“ со кој се отвори фестивалот, а меѓу краткометражните „Северен пол“ кој се емитуваше на затворањето. Финскиот кинематографер Јани-Петери Паси ја доби наградата „Златна камера 300“ за филмот „Купе број 6“ на годинешното 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Особено внимание предизвикаа работилниците со добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, Кристијан Бергер и на композиторката Џослин Пук. Бергер зборуваше за неговиот изум со рефлексии во осветлувањето на филмските сцени, додека композиторката Пук го објасни процесот на создавање на музичката подлога во филмовите.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental