Slider

Вести

Volvo фрла автомобили од 30 метри за да им помогне на службите за итна интервенција (Видео)

Slider

Во овој експеримент се вклучени 10 модели на Volvo, сите испуштени од кран на височина од 30 метри, од различни агли, со што може да се утврдат оштетувањата кои се случуваат на пример при удар на камион и автомобил или пак излетување од патот

13/11/2020

Не само што Volvo постојано работи на унапредување на безбедноста на своите автомобили, туку реши и да им помага на надлежните служби кои интервенираат при посериозни сообраќајни несреќи, односно оштетувања на автомобилите.

Volvo Cars реши буквално да уништува примероци на своите модели за да им овозможи на специјалните екипи да бидат поподготвени за зафати, но исто така и да утврди какви оштетувања може да се случат при ситуации кои не се испитуваат во класичните краш тестови.

Во овој експеримент се вклучени 10 модели на Volvo, сите испуштени од кран на височина од 30 метри, од различни агли, со што може да се утврдат оштетувањата кои се случуваат на пример при удар на камион и автомобил или пак излетување од патот.

Volvo најави дека анализата која ќе биде направена по комплетирањето на податоците ќе биде јавно достапна, со што производителот уште еднаш ќе придонесе за напредок во однос на безбедноста и намалување на човечките жртви во сообраќајни несреќи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider