Slider

Новитети

Volvo ги освежи S90 и V90, додаде прочистувач за кабината и MHEV технологија

Slider

Купувачите ќе бидат задоволни и поради вградениот прочистувач кој досега беше достапен само за кинескиот пазар, возачот ќе може да ја следи ситуацијата околу квалитетот на воздухот во кабината и да активира нивно прочистување во секој момент

21/02/2020

Volvo Cars ги објави деталите за освежените изведби на моделите S90 и V90/V90 Cross Country, a со овој потег се комплетира застапеноста на 48V технологијата која сега е достапна кај целата гама на шведскиот бренд.

Mild Hybrid системот овозможува намалување на потрошувачката и редукција на емисијата на издувни гасови за 15 проценти, тврди производителот, а Volvo истовремено го потенцира фактот што овој вид електрификација е дополнителен импулс во транзицискиот процес, во периодот кога брендот има повеќе плаг-ин хибрид изведби, па и електрична верзија на XC40.

Дизајнерските промени со фејслифтот очекувано не се големи, па и онака атрактивните S90 и V90 доаѓаат со редизајн на предниот браник, магленките и задните светла кај комби изведбата.

Volvo посебно внимава на ентериерот, а новите изданија на двата модела само дополнително го надградуваат луксузниот амбиент и импресивниот впечаток кој му носи многу фанови на брендот. Купувачите ќе бидат задоволни и поради вградениот прочистувач кој досега беше достапен само за кинескиот пазар, возачот ќе може да ја следи ситуацијата околу квалитетот на воздухот во кабината и да активира нивно прочистување во секој момент.

На задната клупа се добиваат два USB-C приклучоци, Volvo овозможува и безжично полнење на телефон на централната конзола, како и најнова верзија на аудио-систем потпишан од Bowers & Wilkins.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider