Slide 1
Slide 1

Вести

Volvo го отвори продажниот процес за моделот C40 Recharge

Slide 1
Slide 1

04/06/2021

Купувачите на одредени европски пазари веќе може да го порачаат својот примерок на кросоверот C40 Recharge, првиот автомобил на Volvo кој е развиван само како електричен модел.

Шведскиот бренд на пазарите каде функционира дигиталната продажба овозможува и онлајн купување на автомобилот, а првите земји каде ќе биде достапен за порачка C40 Recharge се Шведска, Норвешка, Холандија и Велика Британија.

Автомобилот ќе се произведува заедно со XC40 во фабриката во Гент, а првите испораки се очекуваат на почетокот на 2022 година.

Новиот Volvo C40 Recharge e интересен купе-кросовер кој ќе користи иста платформа со веќе познатиот XC40 Recharge, a интересниот дизајн ќе им наметне дополнителни „слатки маки“ на фановите електричните SUV модели.

Volvo посебно го истакнува фактот што C40 Recharge ќе користи врвен инфо-забавен систем развиван од Google, чија основа ќе биде Android, a ќе ги користи сите Google апликации, вклучувајќи ги мапите и онлајн продавницата.

C40 Recharge ќе користи електричен погон со два електро-мотора (погонска моќ од 408 кс), како и 78 kWh батерија, при што автономијата со едно полнење достигнува до 420 километри. На брз 150 kW полнач, до 80 проценти од батеријата ќе се стигнува за 40 минути.

Автомобилот е долг 4.431 милиметар, но е нешто понизок од XC40 Recharge, додека капацитетот на багажникот изнесува 413 литри.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови