Slide

Новитети

Volvo го претстави EX30, мал електричен кросовер со достапна цена

Slide

Volvo EXЦената во Германија ќе започнува од 36,590 евра, додека од 0-100km/h малиот кросовер ќе забрзува за само 3.5 секунди.30 exterior

09/06/2023

Користењето на заедничка платформа и LFP батерии му овозможи на шведскиот производител да го позиционира EX30 пониско од, на пример, електричната изведба на Opel Mokka.

Од страна на Џим Рован, извршниот директор на Volvo, новиот модел на брендот беше претставен како најевтин, но и најбрз во портфолиото на шведскиот премиум производител.

Цената во Германија ќе започнува од 36,590 евра, додека од 0-100km/h малиот кросовер ќе забрзува за само 3.5 секунди.

Оваа комбинација на цена и брзина го прави менаџментот на Volvo самоуверен дека правилното позиционирање на моделот ќе му помогне на брендот во остварување на стратешката цел – до 2025 година половина од продажбите да отпаднат на електрични автомобили.

Исто така, Volvo планира до средината на декадава да ја зголеми оперативната профитна маржа на 8-10 проценти, споредено со минатата година кога таа изнесуваше 7 проценти.

Volvo започна да прима нарачки за EX30 во Европа и САД, а испораките се очекува да започнат на почетокот на следната година.

Се нудат изведби со еден или два електрични мотори. Изведбата со два мотори ќе има погон на сите тркала и сила од 422 hp и 523 Nm вртежен момент.

За оние клиенти кои имаат потреба од поголем досег, Volvo ќе нуди изведба со еден мотор кој ја придвижува задната оска, што ќе им овозможи да поминат 480 километри со едно полнење.

Основната верзија, пак, ќе овозможува 344 километри досег со едно полнење, овозможен од помалата батерија со капацитет од 51 kWh, направена од литиум-железо-фосфат.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа