Slide

Стории

Volvo годинава ќе воведе автономно управување преку систем од 5 радари и 16 ултразвучни камери

Slide

Хардверот опфаќа пет радари, 16 ултразвучни сензори, и, за првпат кај Volvo, лидар сензор, произведен од компанијата Луминар, која е партнер-добавувач на Volvo.

10/01/2022

Volvo наскоро ќе воведе дополнителна услуга која ќе овозможи “автономно управување без надзор од возач”. Функционалноста најпрво ќе биде достапна на купувачите во американската сојузна држава Калифорнија, по што ќе се понуди и на останатите пазари.

Официјалното лансирање на функционалноста, која од страна на Volvo е именувана како “Ride Pilot”, ја очекува интерната контрола и потврдата дека е безбедна за употреба, како и дозволите за користење од локалните власти.

Стартот на тестирањето на технологијата во Калифорнија е закажан за средината на годинава. Интересно е што густо населените градови како Лос Анџелес и Сан Франциско се помеѓу локациите кои се планира да бидат вклучени во тест фазата.

Volovo веќе тестира возила со автономно управување во Шведска.

Ride Pilot функцијата ќе биде достапна преку дополнителна претплата за сопствениците на идниот SUV – знаменосец на брендот. Производството на новиот SUV ќе започне подоцна годинава, во фабриката на Volvo во САД, во близина на градот Чарлстон во Јужна Каролина.

Според најавите од производителот, новиот модел ќе го означи прекинувањето на традицијата на користење на акроними од букви и бројки во имињата на моделите на Volvo. Наместо тоа, менаџментот на Volvo реши да употребува “поприродни” имиња, “имиња кои би им ги дале на своите деца”, изјави Хакан Самуелсон минатиот јули. Тогаш тој најави дека името ќе започнува со самогласка. 

Според претставниците на Volvo, производителот сѐ уште нема дефинирано цена за услугата Ride Pilot, која се очекува да биде екстремно популарна, штом стане достапна насекаде.

“Штом ќе понудите возење без потреба од внимание од стана на возачот, тоа ќе биде многу вредна придобивка”, изјави Хенрик Грин, главниот продукт менаџер.

Тој нагласува дека во сите следни SUV модели на Volvo ќе биде вграден хардвер неопходен за Ride Pilot функцијата.

Хардверот опфаќа пет радари, 16 ултразвучни сензори, и, за првпат кај Volvo, лидар сензор, произведен од компанијата Луминар, која е партнер-добавувач на Volvo.

Лидар технологијатa користи ласерски светлосни снопови, преку кои креира прецизна слика за околината, нешто што се смета дека е есенцијално за овозможување на автономно управување.

Софтверот за автономно управуање на новиот SUV ќе биде развиен од фирмата Zenseact, компанија во сопственост на Volvo. Компанијата беше формирана во октомври 2020 година, преку спојување на дел од тимови на Volvo и Zenuity – заедничкото вложување на добавувачот Veoneer.

“Ride Pilot” функцијата за почеток ќе може да се користи само на автопатиштата, а инженерите на Volvo предвидуваат дека таа значително ќе го намали напорот на возачите за време на густ сообраќај. Штом системот ја преземе контролата врз возилото, тој е одговорен за возењето.

Volvo намерно во комуникацијата го избегнува системот со 6-те нивоа на автономно управуавње, воведен од страна на (SAE) Здружението на автомобилски инженери, бидејќи, според Грин, тоа доведува до конфузија.

Според дефинициите на SAE, при нивоата 3 и 4, софтверот ќе може да управува со возилото под одредени услови и нема да функционира доколку сите потребни предуслови не се остварени.

Клучен предуслов за 3-тото ниво на автономија според SAE, е возачот да биде подготвен да ја преземе контролата над возилото во моментот штом за тоа ќе добие нотификација.

За разлика од дефиницијата на SAE, Грин најавува дека проценките на Volvo се дека системот ќе го предупреди возачот навремено, овозможувајќи му 8-10 секунди од моментот на нотификацијата, до моментот кога тој ќе треба да ја преземе контролата врз возилото.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила