Slider

Вести

Volvo ќе го вклучи називот Recharge и кај плаг-ин хибрид изведбите

Slider

Денеска шведскиот бренд потврди дека во иднина називот „Recharge“ ќе го носат и плаг-ин хибрид изведбите, па сите модели и изведби со кабел за полнење лесно ќе се разликуваат од варијантите со класичен мотор

07/04/2020

Volvo постојано го зголемува своето електрифицирано портфолио, а во моментов располага и со еден електричен модел, поточно Xc40 Recharge, чие производство ќе започне во продолжение од оваа 2020 година.

Денеска шведскиот бренд потврди дека во иднина називот „Recharge“ ќе го носат и плаг-ин хибрид изведбите, па сите модели и изведби со кабел за полнење лесно ќе се разликуваат од варијантите со класичен мотор.

Како надополнување, покрај највисоко поставените Inscription и R-Design нивоа на опременост, кај Recharge изведбите ќе биде достапно и малку подостапно ниво на опременост познато по наставката Expression, при што разликите ќе се однесуваат пред се во уредувањето на ентериерот.

Новитет во електрифицираната понуда на Volvo e изведбата V90 Recharge T6 AWD, комби избор кој ќе го надополни T8 AWD изборот и подразбира хибридна погонска моќ од 340 коњски сили и автономија на електричен погон од 52 километри.

Истиот погон во иднина ќе биде користен и кај SUV бестселерот, моделот XC60. Планот на Volvo e до 2025 година, половина од понудата да бидат електрични изведби, додека преостанатите ќе бидат хибриди.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider