Slide 1

Вести

Volvo ќе воведе нов систем на именувањe на своите модели кој ќе го замени тековниот воведен во 1995 година

Slide 1

Извршниот директот на Volvo, Хакан Самуелсон за време на претставувањето на Concept Recharge.

27/07/2021

Шведскиот производител најави дека наскоро ќе ја напушти тековната номенклатура за именување на своите електрични модели кои наместо комбинација од букви и бројки ќе добијат сосема нови имиња.

Volvo минатиот месец го претстави Concept Recharge, со кој се најавува наследникот на XC90. За време на настанот, извршниот директор Хакан Самуелсон најави дека новата генерација на XC90 ќе добие и ново име.

Тој дообјасни дека овој пример ќе го следат и следните електрични модели на брендот. Тие ќе добијат имиња кои би требало да предизвикаат емоција кај купувачите.

“Доколку ги погледнете автомобилите денес, сите тие имаат технолошки акроними: XC, T8, AWD… – се добива впечаток како дел од спецификацијата да е залепен на задниот дел од возилата” – изјави Самуелсон.

“Ние зборуваме за комплетно нова архитектура, нова генерација на електрични возила. Сакаме јасно да нагласиме дека ова е нов почеток и заради тоа повеќе нема да ги користиме кратенките од букви и бројки за да ги именуваме нашите идни модели” – додава тој.

Засега името на наследникот на XC90 се уште не е одлучено. 

Тековниот систем за именување на своите модели Volvo го воведе во 1995 година, кога седаните започнаа да се означуваат со буквата “S”, караван изведбите со “V”, компактите и купеата со “C”, додека SUV моделите со “XC”.

Повеќе содржини за Volvo:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024