Вести
Volvo најави нови апликации во Android Automotive инфотејнмент платформата како што се Zoom и Prime Video
Google Play платформата која е преинсталирана во дел од возилата ќе овозможи користење на Prime Video во одредени возила на Renault, Volvo и Polestar.
Технолошкиот гигант Google објави дека возачите на возилата кои ја користат Android Auto платформата, отсега ќе може да пристапат кон апликации како што се Zoom, Prime Video, Weather Channel и WebEx.
Сепак, Google им овозможува на девелоперите на овие апликации да ги интегрираат само со аудио функционалности.
Google Play платформата која е преинсталирана во дел од возилата ќе овозможи користење на Prime Video во одредени возила на Renault, Volvo и Polestar.
Дел од интеграциите ќе бидат достапни веќе до крајот на месецот.
Потегот на Google е во линија со активностите на конкурентите, земајќи го предвид фактот дека Mercedes-Benz и VW Group неодамна најавија дека планираат да ги интегрираат апликациите Zoom и TikTok во своите инфотејнмент платформи. И Tesla неодамна ја додаде апликацијата Zoom во својата платформа.
Лансирањето на новини во инфотејнмент системите е дел од поголема битка помеѓу компаниите за доминација на инфотејнмент функционалностите во возилата. Имено, компаниите тука гледаат атрактивна можност за дополнителни приходи од претплати.
Сепак, во трката за дополнителни приходи мора да се внимава и на безбедноста. Заради тоа, платформата на Google има вклучени безбедносни ограничувања. Едно од нив е ограничениот број на интеракции со екранот пред интеракцијата да биде блокирана. Android Automotive платофрмата има вградени ограничувања кои спречуваат проектирање на видеа на екраните.