Slider

Вести

Volvo почнува со најавеното ограничување на брзината до 180 км/ч

Slider

Како што пренесуваат специјализираните медиуми од Европа, Volvo започнува со имплементација на еден од важните елементи за остварување на својата визија за максимална безбедност во своите автомобили

16/04/2020

Минатата година беше најавено, а од оваа 2020 година започнува реализацијата на идејата за ограничување на максималната брзина на автомобилите кои излегуваат од производствените капацитети на Volvo.

Како што пренесуваат специјализираните медиуми од Европа, Volvo започнува со имплементација на еден од важните елементи за остварување на својата визија за максимална безбедност во своите автомобили.

Балансот меѓу посакуваната безбедност и задоволството кај купувачите е најден на ограничување од 180 км/ч, а допрва ќе биде познато како ќе реагираат актуелните и нови клиенти на шведскиот бренд.

Дополнително, Volvo вградува и интелигентен асистент за ограничување на брзината, кој ќе функционира во зони како тие каде има посебно ограничување поради училиште, болница и слично, асистирајќи му на возачот да го мине тој дел на најбезбеден начин.

Германските производители ја ограничуваат брзината, но на 250 км/ч бидејќи се свесни дека секое друго решение во моментов може да им влијание негативно на побарувачката.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider