Slide

Вести

Volvo продал речиси третина повеќе автомобили во првите два месеца од годината

Slide

05/03/2021

Продажбата на Volvo Cars продолжува со сериозен позитивен тренд, кој во првите два месеца од годината донесе раст од дури 29,1 проценти.

Споредбата со истиот период од минатата 2020 година значи зголемување на продажбата за околу 25.000 примероци на глобално ниво, нешто што може да биде само добра најава за Volvo за периодот кој доаѓа.

Само во февруари, Volvo низ целиот свет испорача 50.795 автомобили, што е зголемување за 27,8 проценти, додека заеднички јануари и февруари донесоа 110.383 нови сопственици на некој од популарните модели на брендот.

Побарувачката е зголемена во Европа, САД и Кина, а позитивно е тоа што расте интересот и за електрифицираните изведби кои имаат удел од 26,6 проценти во продажбата. Во Европа уделот достигнува цели 44 проценти.

Бестселер на Volvo останува XC40, кој во февруари добил 15.818 нови сопственици,  а потоа следуваат XC60 и XC90.

Повеќе содржини за Volvo:

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан