Slider

Вести

Volvo првпат во историјата ја надмина границата од 700.000 продадени автомобили

Slider

Веќе комплетираната 2019 година донела продажба на 705.425 автомобили од програмата на Volvo, што значи раст веќе шеста година по ред за шведскиот бренд, овојпат изразен со дури 9,8 проценти во однос на 2018 година

07/01/2020

Најавите од последните месеци станаа реалност во годишната рекапитулација на продажните резултати на Volvo Cars, откако компанијата потврди дека првпат во својата историја ја надминала границата од 700.000 продадени автомобили.

Веќе комплетираната 2019 година донела продажба на 705.425 автомобили од програмата на Volvo, што значи раст веќе шеста година по ред за шведскиот бренд, овојпат изразен со дури 9,8 проценти во однос на 2018 година.

Рекордот од минатата година (642.253) беше надминат уште пред почетокот на декември, а последниот месец со продадени 74.239 автомобили ќе биде забележан како најуспешен месец во историјата на брендот.

Главен двигател на рекордната продажба на Volvo Cars е SUV гамата, чија популарност на повеќе континенти го одведе брендот на посакуваната позиција. Производителот не го крие задоволството и од зголемената побарувачка за плаг-ин хибрид изведбите, која е изразена во раст од речиси 23% и донесе продажба на 45.933 автомобили.

Од Европа, Volvo го истакнува фактот дека првпат во историјата продаде над 50.000 примероци во Германија, рекордната година во Велика Британија, но и во голем број други земји.

Првпат по 2007 година, Volvo продаде над 100.000 автомобили во САД, а во Кина е поставен апсолутен рекорд со 154.961 продаден примерок.

Бестселер на брендот останува XC60 со 204.965 продадени примероци, а следуваат XC40 со 139.847 и XC90 со 100.729 примероци во 2019 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider