Slider

Стории

Volvo успеа да ја добие битката со просечната Co2 емисија

Slider

Volvo, односно Geely имаше проекција за просек од 110,3 г/км за 2020 година, но просечната емисија е симната до 103,1 г/км, што е јасен показател дека со веќе започнатата електрификација, групацијата лесно ќе го симне просекот до конкретната бројка која ќе биде зададена од регулаторната комисија

27/10/2020

Автомобилските производители се ангажираа сериозно во обидот да ги исполнат барањата на Европската Унија во однос на просечната Co2 емисија и да избегнат сериозни казни од следната година.

Просечната флотна Co2 емисија од 95 г/км останува приоритет за сите производители, а според најновата анализа на JATO Dynamics, во 2020 година најдобро се снаоѓа Volvo, односно групацијата Geely.

Електрификацијата на брендот му донесе подобра просечна Co2 емисија дури и од таа на Toyota, која вообичаено ја имаше лидерската позиција и се чини дека Volvo без проблеми ќе го исполни својот просек во 2021 година, кога правилата на игра ќе бидат многу позаострени и без одредени бонуси кои важат годинава.

Volvo, односно Geely имаше проекција за просек од 110,3 г/км за 2020 година, но просечната емисија е симната до 103,1 г/км, што е јасен показател дека со веќе започнатата електрификација, групацијата лесно ќе го симне просекот до конкретната бројка која ќе биде зададена од регулаторната комисија.

Анализата на JATO покажува дека од јануари до август дури 38 проценти од продадените автомобили на Volvo биле електрифицирани, па тоа доволно го објаснува напредокот на брендот/групацијата во овој сегмент.

Во одлична позиција е и BMW Group, бидејќи просекот од првите осум месеци (103,5 г/км) е многу блиску до таргетот за оваа година, кој изнесува 102,9 г/км, нешто што е постигнато со електрификацијата, но и ниската емисија на напредните дизел мотори.

Toyota Group стагнираше иако се наоѓа на 2,2 г/км до остварување на својата цел, но се очекува плаг-ин хибрид изведбата на RAV4 и електричниот Lexus UX 300e да помогнат за дополнително намалување на просекот и остварување на таргетот кој изнесува 92,9 г/км.

Во слична позиција е и Hyundai-Kia, чиј актуелен просек од 96,4 г/км ветува реално исполнување на таргетот од 93,5 г/км.

Продажбата на електрифицирани автомобили до септември бележи раст од 67 проценти, што значи 1,54 милиони примероци на 27 европски пазари, или пазарен удел од 18,1%.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider