Slide

Вести

Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка

Slide

Новата фабрика на Volvo ќе биде трета во овој регион, покрај домашната фабрика во Торсланда и онаа во Гент, во Белгија, кои имаат заеднички вкупен капацитет од 600,000 возила годишно.

05/07/2022

Volvo ќе инвестира 1.2 милијарди Евра за изградба на нова фабрика во Кошице, Словачка, која ќе има годишен капацитет за производство на 250,000 електрични автомобили.

Volvo веќе одлучи по 2030 година да продава само електрични возила, а за остварување на оваа цел потребна ќе биде уште една фабрика на европско тло.

Изградбата на фабриката треба да започне веќе следната година, додека првите автомобили произведени во новата фабрика може да се очекуваат во 2026 година. Според Volvo, со 20% удел во инвестицијата учествува и словачката Влада.

“Проширувањето на нашите капацитети во Европа, нашиот најголем регион според продажбата, е клучен чекор на патот кон комплетна електрификација и одржлив раст”, изјави Џим Рован, новиот главен извршен директор на Volvo.

Новата фабрика на Volvo ќе биде трета во овој регион, покрај домашната фабрика во Торсланда и онаа во Гент, во Белгија, кои имаат заеднички вкупен капацитет од 600,000 возила годишно.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила